X
 24.11.2022 Живот

Колкави се просечните плати во Германија и од што зависи нивната висина?

Од 2022 година вработените во Германија заработуваат просечна бруто-плата од 50.700 евра годишно.

Повеќето луѓе што работат во системски релевантни професии (негуватели, пожарникари, медицински сестри) можат само да сонуваат за такви просечни примања.

Според истражувањето на веб-страницата stepstone.de, здравствените работници и негувателките во Германија имаат просечен годишен приход од само 34.200 евра. Со 40-часовна работна недела, што е реткост во овие професии, тоа е само 18 евра бруто на час.

Колкав е просечниот приход во Германија?


Речиси е невозможно да се зборува за просечната плата во Германија бидејќи приходот во голема мера зависи од сојузната држава, активноста и полот. На пример, лекар од Минхен ќе заработи повеќе од благајник од Лајпциг.

Влијанието на родовата разлика


Според извештајот од март 2022 година, жените во Германија и понатаму имаат 18 отсто помал просечен приход од мажите.

Просечна плата по дејност

Вработените од осигурителниот и финансискиот сектор имаат највисока просечна плата во Германија од околу 5.762 евра бруто месечно. На долниот дел од спектарот се вработените во угостителството со просечна месечна бруто-плата од 2.461 евро.

Според податоците на Федералниот завод за статистика, вработените во Источна Германија заработуваат во просек по 12.200 евра бруто годишно помалку од нивните западни соседи.

Дали постои средна вредност?


Секоја година Сојузниот завод за статистика ги собира просечните плати на сите вработени и го пресметува просечниот приход од тоа. Сепак, оваа пресметка е само делумно значајна бидејќи овде се бројат само вработените со полно работно време и тоа се нарекува аритметичка средина.

Според податоците на Сојузниот завод за статистика, просечната годишна плата во Германија била 49.200 евра, а просечната месечна бруто-плата изнесува 4.100 евра. За споредба, во 2022 година заработуваат 125 евра бруто повеќе.

Колку изнесува „добрата“ плата во Германија?

Како и со прашањето за реалната просечна плата во Германија, на ова прашање може да се одговори ограничено.

Со големи разлики во трошоците за живот во зависност од регионот и градот – Минхен, на пример, не може да се спореди со Касел – големо прашање се и личните потреби. Дали работникот има деца? Дали изнајмува или поседува недвижен имот? Дали има долгови? Сите овие фактори мора да се земат предвид за реално да се одговори на прашањето.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот