X
 24.11.2022 Економија

Сиромашните земји ќе добиваат отштета за климатската криза

На климатскиот самит КОП27 на Обединетите нации било договорено да им се исплаќа отштета на сиромашните земји кои се погодени од климатските промени. Во рамките на договорот земјите што испуштаат најмногу штетни гасови во атмосферата ќе им надоместуваат на земјите во развој кои се соочуваат со проблеми поради климатските промени.

- Одлуката нуди надеж за ранливите заедници низ целиот свет кои се обидуваат да преживеат поради климатските проблеми - напишал на „Твитер“ Шери Реман, министер за климатски промени на Пакистан.

Пакистан беше погоден од големи поплави кои резултираа со над 1.700 смртни случаи годинава.

Меѓутоа, активистите посочуваат дека земјите сепак не се договориле за намалување на користењето на фосилни горива. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, посочил дека светот мора драстично да ги намали емисиите на штетни гасови, а тоа не било решено на самитот.

- Фонд за загуби и штета е битен, но не е одговор доколку климатската криза избрише мала островска земја од мапата или претвори цела африканска држава во пустина - изјавил Гутереш.



Самитот се одржуваше од 7 до 18 ноември во Египет.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија