X
 24.12.2018 Технологија

Македонски Телеком поддржа идејно решение за намалување на аерозагадувањето

Македонски Телеком поддржа идејно решение за намалување на аерозагадувањето, патентирано од професори на ФИНКИ и Земјоделскиот факултет во Скопје.

Станува збор за аеросолизација, ефикасен еколошки метод, со кој воздухот се прочистува преку распрснување ситни капки вода, кои ги прилепуваат PM10 честичките и другите загадувачи на површината на почвата.

Уредите со кои се врши аеросолизација се нарекуваат турбоатомизери, истите кои се користат за наводнување на земјоделските површини.

Телеком се вклучи во реализација на решението со донација на два вакви уреди кои ќе се користат на различни локации, во координација со релевантните институции.

Со аеросолизација, за прочистување на воздухот се користи обична вода во комбинација со засладувачи. Така што освен што е едноставен, овој метод е и еколошки погоден за урбани средини, затоа што не се користат хемикалии.

Според досегашните мерења направени во општина Аеродром и Куманово, со аеросолизација загадувањето се намалува од 60-70% со траење од десетина часови. И покрај тоа што ефектот е краткотраен, со континуирано користење се придонесе во борбата со аерозагадувањето, што е сè поголема закана особено во големите градови.

Оваа донација е дел од иницијативата на Македонски Телеком „Telekom Goes Green“, со која се опфатени повеќе акции за заштита на животната средина, како што се: употреба на електрични велосипеди, електрични возила, групни еко акции на вработените, создавање на апликацијата за лоцирање на отпад CleanAppMK и други.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија