X
 24.12.2022 Култура

Филмови и серии што ќе може да ги гледаме на „Нетфликс“ во јануари

„Нетфликс“ неодамна објави листа со филмови и серии кои ќе бидат достапни во јануари. Меѓу другото, се очекуваат новата сезона на „Џини и Џорџија“ и првата сезона на „Луди деведесетти“.

Листата покажува дека премиерно ќе биде прикажана првата сезона на „Луди деведесетти“, која е продолжение на популарната серија „Луди седумдесетти“. Таа ќе биде достапна на платформата на 19 јануари.


Освен тоа, се очекува да пристигне втората сезона на „Џини и Џорџија“, која ќе биде достапна од 5 јануари.


„Нетфликс“ премиерно ќе го прикаже и новиот филм „Вие луѓето“ (You people) на 27 јануари.


„Нетфликс“ планира да стави на платформата и повеќе стари филмови во текот на месецот. Меѓу другото, во јануари ќе бидат достапни „Брилијантнин“ (Grease), „Форест Гамп“, „Кинг Конг“, „Престапна година“ (Leap year), „Близнаци“ (Twins), „Топ ган“, како и сите пет дела на „Роки“.

Целата листа со филмови и серии што ќе бидат достапни на „Нетфликс“ во јануари можете да ја најдете овде.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура