X
 25.01.2017 Живот

Илон Маск: „Ако се разбудиш наутро и помислиш дека иднината ќе биде подобра, тогаш денот е убав. Во друг случај, не е“

Илон Маск е основач и извршен директор на „Спејс Екс“ и „Тесла“ и еден од најважните луѓе кога станува збор за технологијата и технолошките производи.

Ова се некои од неговите мудри мисли и зборови.

„Трпението е доблест, а јас учам трпение. Тешка лекција е“.

„Кога е нешто доволно важно, направете го дури и ако шансите не ви одат во прилог“.

„Ако се обидувате да создадете компанија, тоа е како да правите торта. Мора да ги имате сите состојки право пропорционално“.

„Луѓето треба да го следат она за кое имаат страст. Тоа ќе ги направи посреќни од прилично било што друго“.

„Ако се пробудиш наутро и помислиш дека иднината ќе биде подобра, тогаш денот е убав. Во друг случај, не е“.

„Не треба да ги направите работите различно само затоа што тие се различни. Тие мораат да бидат... подобри“.

„Неуспехот тука е опција. Ако не успевате, тогаш не сте доволно иновативни“.

„Мислам дека е важно човек да има добро срце“.

„Ако човештвото не слета на Марс во мојот животен век, би бил многу разочаран“.

„Кога бев студент, сакав да бидам вклучен во работи кои ќе го променат светот. Сега сум“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот