X
 25.01.2020 Технологија

Дали ова е иднината на превозот во градовите?

„Круз ориџин“ е ново возило кое нема да има возач, волан и педали и ќе се движи со голема брзина на автопатите. Внатрешноста на автомобилот е голема, со седишта едно наспроти друго, слично како патничките седишта во возовите. Секое седиште е наменето за да ги задоволи потребите на патникот, со лични УСБ-портови. Дигиталните екрани ќе се наоѓаат погоре, веројатно за да им даваат информации на патниците за нивното патување.

Станува збор за транспортно возило од иднината, електрично возило слично на концептот „фолксфаген седрик“, производ на повеќегодишна соработка меѓу матичната компанија „Џенерал моторс“ и инвеститорот „Хонда“.

„Круз ориџин“ би требало да го промени начинот на нашиот транспорт, велат директорите на компанијата, но не сакаат да навлегуваат во премногу детали. Посочуваат дека нивниот производ ќе биде достапен, а главната цел ќе му биде намалување на загадувањето.


1



2

Животниот век на овој модел се проценува на околу милион километри, а како што истакна извршниот директор на компанијата, Дан Аман, возилото нема да биде комерцијално достапно, туку ќе се користи како услуга и секојпат корисниците ќе имаат непроценливо искуство.

Возилото е опремено со она што се нарекува „був“, хибридно поклопување на сензорот што комбинира камера и радар.

Сè уште не се знае точниот датум кога возилото ќе се најде на улиците, но во наредните месеци сигурно ќе излезат повеќе детали и информации за него.

возило
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија