X
 25.02.2021 Живот

Опериран крокодил тежок 158 килограми - отстраниле чевел од неговиот стомак

Крокодил долг речиси 3 метри и тежок 158 килограми закрепнува од успешна операција, по два месеца откако голтнал чевел на турист.

Проблемот се појавил кога крокодилот Анукет, кој живее во зоолошкиот парк „Св.Августин алигатор фарм“, во Сент Август, Флорида, изел чевел што му паднал на турист во декември 2020 година.

- Членовите на нашиот тим забележаа дека Анукет го голтна чевелот, го врати, па потоа повторно го голтна пред да успееме да го земеме. Крокодилите ја истражуваат својата околина гризејќи и голтајќи предмети за да видат дали се храна. Чекавме и ја гледавме Анукет, со надеж дека ќе го врати чевелот - пишува во изјавата на зоолошкиот парк објавена на социјалните мрежи.

Според зоолошкиот парк, поминале неколку недели откако крокодилот го проголтал чевелот, па така била донесена одлука да се направи обид да се прочисти стомакот и да се извади чевелот.

2

- Оваа техника најчесто се користи кога крокодилот голта некој предмет што не е за јадење или за време на научни истражувања. Ја искористивме неколку пати, ѝ го масиравме стомакот за да се помести чевелот, па дури и се обидовме да го најдеме - велат од зоолошкиот парк.

Биле повикани и научници од колеџот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Флорида за да помогнат. Научникот Гарет Фраес првично се обидел да го отстрани чевелот така што ја ставил раката во устата на крокодилот.

- Сите овие мерки беа преземени за да се избегне абдоминална операција - објасни зоолошкиот парк.

Сепак, ниедна техника не била успешна, па Анукет морала да се оперира.

Првичниот план бил за време на операцијата д-р Адам Бидрзицки, хирург за големи животни, да се обиде да го помести чевелот со помош на засекување, па да го турне од стомакот во хранопроводот, каде што Фрејс се надевал дека ќе го фати и ќе го извади.

cevel

- И тој обид не беше успешен. Затоа, Бидрзицки изврши гастротомија што овозможи полесен пристап до стомакот на крокодилот. За кратко време можеше да се отстрани чевелот.

Зоолошкиот парк известува дека Анукет е добро, но целосно закрепнување ќе потрае.

Извор: Abcnewsgo.com
Фотографии: University of Florida College of Veterinary Medicine/Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот