X
 25.02.2022 Живот

Разликата во воената моќ меѓу Русија и Украина: Колку се големи нивните војски?

Со оглед на тоа што Русија почна инвазија на соседна Украина, едно од клучните прашања што во моментов се актуелни е колку навистина постои компаративна воена моќ меѓу двете земји. Не треба да се има премногу знаење за актуелните настани за да се заклучи дека Русија е воено супериорна, но еве што велат бројките.

Русија има поголема воена огнена моќ од Украина на сите полиња, вклучувајќи ги копнените, воздушните и поморските сили.

Руската војска има 900.000 активни воени лица, наспроти 196.600 украински активни војници. Ова ја одразува пошироката воена доминација што произлегува од одбранбениот буџет на Русија, кој далеку го надминува оној на Украина.

1

Нерамнотежата меѓу армиите на двете земји е најголема на море: Русија има 10 пати поголем број поморски персонал. Руската морнарица има 74 воени брода и 51 подморница, во споредба со само два украински воени брода.

На копно има поголема рамнотежа. Руската армија се состои од 280.000 војници наспроти украинската која брои 125.600 војници. Украина има 900.000 резервни воени лица или оние што поминале воена обука во последните пет години, во споредба со два милиона руски резервен воен персонал.

Иако овие соодноси се околу 2,2:1 во корист на Русија, Русите се многу подобро позиционирани кога станува збор за воената опрема. Имаат трипати повеќе артилерија, шестпати повеќе тенкови и речиси седумпати повеќе оклопни возила од Украинците. Слична е ситуацијата и во воздухопловните сили: Русија има десетпати повеќе јуришни авиони и хеликоптери.

2

Украинците имаат повеќе од 400 противвоздушни ракетни системи кои би можеле да гаѓаат авиони, но тоа е само една десеттина од бројот на противвоздушни ракетни системи што ги има Русија.

Русија има силна предност и со оружјето со долг дострел, поседувајќи повеќе од 500 копнени балистички ракетни системи.

3

Некои аналитичари сметаат дека рускиот напад би можел да се потпре на оружје со долг дострел, како што се крстосувачки ракети, за да ги гаѓаат клучните украински локации од далечина.

Во последните неколку недели земјите од НАТО ја снабдуваат Украина со дополнителна „смртоносна помош“, како што е британското снабдување на украинската армија со 2.000 противтенковски оружја. Сепак, иако ваквите пратки се дизајнирани за да ја поскапат секоја руска инвазија, малкумина експерти веруваат дека ова оружје ќе го промени непосредниот исход од рускиот напад.



Извор: Sky News
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот