X
 25.03.2018 Култура

Дали овoj e најубавиот кањон во Европа?

Кањонот Вердон се наоѓа во Јужна Франција, а многумина го сметаат за најубавиот кањон во Европа.

Клисурата е долга 25 километри а длабочината на некои места изнесува и до 700 метри. Кањонот настанал околу реката Вердон која извира во Алпите и која е карактеристична по својата необична тиркизна боја. Затоа и не зачудува што го носи епитетот на најубавиот европски кањон.

Од Француската ривиера е оддалечен околу два часа возење, па често се наоѓа на листата на најпосетените туристички атракции на Франција.

Туристите не само што ја користат можноста да се возат со бродови и кајаци по овој природен бисер, туку и неговите спектакуларни варовнички карпи привлекуваат голем број алпинисти.

Тука на располагање за истражување има околу 1.500 различни рути, но треба да се напомене дека главно истите се наменети за поискусни алпинисти.




Ова подрачје има умерена медитеранска клима, а особено е убаво напролет, кога цветаат бадемите односно преку лето, кога аромата од виолетовите цветови од лавандата што се одгледува за потребите на фабриката за производство на парфеми во Грас го исполнува целиот простор околу кањонот.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура