X
 25.03.2022 Живот

Викендов почнува летното сметање на времето

Викендов, односно ноќта меѓу сабота и недела почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напре, што значи дека наместо два, ќе биде три часот.

Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври. Во март стрелките се движат еден час напред, а во октомври часовникот се враќа еден час наназад.

Целта на летното сметање на времето е подобра усогласеност помеѓу часовите од дневна светлина, за работното време и училишната настава. Така, наместо утринска дневна светлина кога повеќето уште спијат, останува 1 час дневна светлина за повеќе вечерни активности. Летното сметање на времето почесто се користи во умерениот појас поради забележливите разлики помеѓу бројот на часови од дневна светлина во различно годишни времиња. Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот