X
 25.03.2023 Живот

Отворен е еден од најголемите цветни фестивали во светот

Сите љубители на лалиња, ако сакате да патувате, Холандија е совршена дестинација за вас во овој период. Причина? Отворен е еден од најубавите и најголемите цветни фестивали.

Легендарниот „Кеукенхоф“ е отворен од 23 март до 14 мај. Фестивалот се одржува во истоимениот парк кој зафаќа површина од 79 хектари и во него годишно се садат повеќе од седум милиони цветни садници. „Кеукенхоф“ е нашироко познат по своите лалиња, но има и многу други цвеќиња, вклучувајќи зумбули, нарциси, лилјани, рози, каранфили и ириси.



Секоја недела овие цвеќиња имаат нов изглед, а милионите посетители можат да уживаат и во други содржини што ги нуди овој легендарен цветен фестивал. Во градините посетителите ќе најдат многу тематски павилјони, како и различни можности за тури (со велосипед и пеш), пловење и пикник.



Во 2019 година 1,5 милион луѓе го посетиле паркот, што е еквивалентно на 26.000 посетители дневно. Тој се наоѓа на место на поранешно ловиште.



Најпознатиот жител и корисник на градината била грофицата Јакоба ван Бејрен. Во 1638 година имотот го купил Адријан Маертенс Блок, а во 1641 година изградил голем замок кој го нарекол „Кеукенхоф“, кој бил познат и како собирно место за одгледувачи на цвеќиња и извозници на цвеќиња.



Областа околу замокот сега е отворена за јавноста и секоја година воодушевува со овој цветен фестивал.

Извор: Green
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот