X
 25.04.2018 Технологија

„Инстаграм“ со нови опции за корисниците

„Инстаграм“ конечно им овозможува на корисниците да преземат некои од нивните податоци. По тестирањето на алатката пред неколку недели, сервисот кој е во сопственост на „Фејсбук“ конечно ја објави можноста за симнување на податоци и со неа можете да направите повеќе од само преземање на копија од вашите фотографии.

Сега сите корисници можат да пристапат до алатката за преземање на податоци. При самиот процес, „Инстаграм“ ви кажува што добивате, иако описот е малку нејасен:

-Ќе ви испратиме лин до фајл со вашите фотографии, коментари, информации за профилот и друго на вашиот имејл. Можеме да работиме само на едно барање од вашиот профил одеднаш и може да се потребни до 48 часа за да се соберат овие податоци и да ви ги испратиме - стои во описот.


Фото: Pexels

Иако „Инстаграм“ предупредува дека може да се потребни до 48 часа за да добиете линк до вашите податоци, тоа може да се случи многу побрзо. во податоците се вклучени неодамнешни сториња, фајлови кои документираат лајкови, следачи и директни пораки. Од „Инстаграм“ истакнуваат дека можете да побарате линк до вашите податоци еднаш на четири дена.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија