X
 25.05.2016 Економија

Чести финансиски грешки кои не ги прават богатите

Секој би сакал да биде богат. Но, да се разбере што значи да се биде богат и како треба да се стане богат е проблем за голем дел од луѓето. Бидете сигурни дека нема да ги направите овие финансиски грешки кои најчесто ги прават луѓето.

1. Богатите не забораваат да инвестираат во себе

Тие го разбираат значењето на постојаното учење, достигнувањата, па дури и одморите и се подготвени да инвестираат за да бидат наградени.

2. Богатите не забораваат да заштедат за иднината

Тие не живеат само за секашноста туку размислуваат и за иднината, а често тоа им е и приоритет.

3. Богатите не ја одбираат секогаш најевтината опција

Што е подобро: да потрошите 300 евра на евтин уред на секои пет години или да потрошите 600 евра на некој кој ќе трае со децении? Богатите инвестираат во поскапи опции за да заштедат долгорочно.

4. Богатите не живеат надвор од можностите

Тие може да потрошат многу пари на една забавна вечет, но доколку заработувачката им се намали, тие ги намалуваат и трошоците.

5. Богатите не трошат пари кои ги немаат

Позајмувањето пари значи поголемо трошење подоцна. Затоа, тие штедат пред да соберат доволно за да купат нешто големо.

6. Богатите немаат финансиски тајни во семејството

Финансиите се отворена дискусија во семејството, а тие сигурно не ги кријат работите што ги купиле од најблиските.

7. Богатите не ги комплицираат работите

Богатите луѓе одбегнуваат премногу да ги комплицираат работите, а со тоа и животот. Наместо тоа, тие живеат едноставно.

8. Богатите не ги игнорираат своите страсти

Кога работата е поврзана со страст, трудот кој се вложува е двојно помал, а со тоа и заработувачката е полесна.

9. Богатите не се срамат кога треба да штедат

Од возењето велосипед до користењето автобус, богатите се подготвени да ги направат тие чекори за да заштедат. Тие внимаваат на што ги трошат парите.

10. Богатите луѓе истражуваат

Тие не инвестираат кога не се сигурни дека ќе добијат. Тие посветуваат време за да анализираат, за да направат сигурна инвестиција која ќе им донесе заработувачка.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија