X
 25.05.2017 Култура

Виктор Франкл: „На човек може сѐ да му се одземе, освен едно: слободата да го избере сопствениот пат“

Виктор Франкл – австрискиот невролог, психијатар и автор на неколку инспиративни книги, е човек кој го преживеал Холокаустот и сите ужаси од Втората светска војна, но и покрај сите страдања и стравови што ги претрпел во животот, останал доследен во својата потрага по смислата на животот и на смртта.

Неговата најпопуларна книга со наслов „Зошто не се убивте?“ и покрај страотните сеќавања на заробеништвото, во себе носи вонредно позитивни пораки, затоа што таму тој ја  пронаоѓа својата волја, мотивација и смисла.

Основач е на нова школа за егзистенцијална терапија, наречена логотерапија, со цел да ги охрабри луѓето за пронаоѓање волја за промена, волја за потрага и увид во животната смисла, бидејќи сметал дека токму бесмислата води кон депресија, зависност и склоност кон материјализам, омраза, досада или опсесии.

Франкл смета дека пронаоѓањето на среќата почнува со откажувањето од потрагата по неа, а следните негови мисли и записи сигурно ќе ви помогнат во потрагата по она што вие сметате дека е најважно за вас.

* Кога човек ќе сфати дека неговата судбина е да страда, тогаш мора страдањето да го прифати како своја задача. Никој не може да го ослободи од страдањето или пак, да страда наместо него. Единствените можности на човекот се кријат во начинот на кој го носи сопствениот товар.

* Ако постои смисла на животот, тогаш мора да постои и смисла на страдањето. Тоа е неизоставен дел од животот, подеднакво како и судбината и смртта. Без страдање и смрт, човечкиот живот не е целосен.

* Кога човекот го гледаме онаков каков што навистина е, го правиме полош. Но ако го прецениме...му помагаме да напредува кон она што навистина може да биде.

* На човек може сè да му се одземе, освен едно: неговата крајна слобода да има став во одредени околности; слобода да го избере сопствениот пат.

* Животот не е првенствено потрага по задоволство како што веруваше Фројд , ниту потрага по моќ, како што сметаше Адлер; туку потрага по смислата. Најголемата задача на секој човек е да ја пронајде смислата на својот живот.

* Немојте да се стремите кон успех. Што повеќе целите кон него, повеќе ќе промашувате. Затоа што успехот, исто како и среќата, не можат да се пронајдат – туку мораат да се создадат, како последица на личната посветеност кон причина која е поголема од самиот човек, или како нуспроизвод на нечие комплетно предавање на  друга личност. Среќата мора да се случи, а истото важи и за успехот – морате да дозволите да ви се случат така што нема да размислувате за нив.

* Кога веќе не сме во состојба да ја промениме ситуацијата, предизвикани сме да се промениме себеси.

* На крај, човекот не треба да се прашува које е смислата на неговиот живот, туку мора да разбере дека САМИОТ ТОЈ Е ЗАПРАШАНИОТ.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура