X
 25.05.2018 Живот

Килограм масло од овој цвет се продава за 5.000 евра

Фикрет Ајдемир од Токат, Турција, се занимава со одгледување на бел лилјан, а еден килограм масло од овој цвет се продава по цена од неверојатни пет илјади евра.

Ајдемир се пензионирал пред 12 години, а одгледувањето на белиот лилјан му било хоби. Со текот на времето, неговата градина станувала сѐ поголема, а денес се простира на површина од речиси три илјади метри квадратни.

-Кога се пензионирав во 2006 година почнав да се занимавам со одгледување. Засадив еден бел лилјан. Подоцна добивме 70 до 80 луковици. Со текот на годините бројот се зголеми - објаснува Ајдемир.

Денес поседува околу 2.500 стебла лилјан.

-Килограм масло чини 5.000 евра. Французите покажуваат особен интерес. Се користи во козметичкиот сектор и за изработка на парфеми. Од 700 килограми цвет се добива килограм масло - објаснува Ајдемир.

Белиот лилјан цвета во мај и во јуни. Цвеќето е познато веќе неколку илјади години, а потекнува од Балканот и од Блискиот Исток. Во народната медицина белиот лилјан се користи за лечење и за чистење на кожни заболувања, како и за болести на очите. Некои извори наведуваат дека цветот на белиот лилјан е ефикасен и кога се во прашање болести на белите дробови, ушите, за аритмија, но и за коските и зглобовите. Луковиците се користат за воспаленија, рани и лузни, а етеричните масла се користат за лечење чир, модринки, но и за козметика и парфеми.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот