X
 25.05.2018 Живот

Моќна порака од второодделенец што ќе ви ги отвори очите: „Посакувам мобилните телефони да не постојат!“

Наставничката Џен Адамс Бесон која предава во второ одделение, споделила фотографија од домашната задача на нејзин ученик што ќе ве натера да размислите за вашите постапки.

- Изум што не ми се допаѓа е телефонот. Не ми се допаѓа бидејќи моите родители постојано се на телефон. Телефонот понекогаш е лоша навика. Го мразам телефонот на мајка ми и посакувам никогаш да немала телефон. Тоа е изумот што не ми се допаѓа - пишува ученикот во својата задача.

задача*
Фото: Shutterstock


Наставничката Бесон, која живее во Луизијана порачува:

- Оставете ги телефоните и слушајте ги вашите деца - и додаде дека четворица од 21 ученик имале слична задача.

Истражување направено на 170 семејства во Америка, покажало дека децата се однесуваат полошо кога нивните родители поминуваат повеќе време на нивните паметни телефони. Децата плачеле, имале тантруми и покажале знаци на хиперактивност многу повеќе кога нивните родители користеле паметни телефони додека разговарале со нивните деца.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот