X
 25.05.2020 Образование

„Кембриџ“ ќе држи само онлајн-предавања во новата академска година

Од Универзитетот „Кембриџ“ од Велика Британија, потврдиле дека сите предавања на факултетот ќе бидат заменети со онлајн-часови за време на следната академска година. Со тоа, универзитетот стана првиот кој донел одлука за мерките за следната академска година. 


Од универзитетот сметаат дека многу е веројатно дека социјалното дистанцирање ќе се бара и понатаму. Предавањата на универзитетот ќе продолжат да се одржуваат виртуелно до летото во 2021, иако е можно да се одржат часови за мали групи студенти на факултетот доколку се почитуваат барањата за социјално дистанцирање. 


Фото: Pixabay

Претставник на универзитетот вели дека одлуката била донесена сега за подобро да се испланира следната академската година, но таа ќе биде повторно дискутирана доколку има промени со ситуацијата со коронавирусот.

Сите предавања на универзитетот се одржуваат преку интернет од март, а испитите се спроведуваат виртуелно.

Извор: independent.co.uk
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование