X
 25.05.2021 Живот

Нови елегантни транспарентни маски за лице нудат целосна заштита

Да се соочиме. Повеќе од една година носиме заштитни маски за лице и постојано се обидуваме да ги редизајнираме. Се чини дека ниту една не е поудобна од претходната. Иако луѓето се вакцинираат и полека се олабавуваат мерките за носење маски, сепак, пандемијата не е завршена и сѐ уште е потребна заштита.

Но, овој пат дизајнерите нудат нешто поудобно од ткаенината прицврстена за вашиот нос и уста. Станува збор за „блок“, транспарентна маска за лице дизајнирана да се користи во тандем со маската за лице, создавајќи непробоен слој.

маска

Помислете на „блок“ како на штитник без шлем, доволно модерен да се носи самостојно и регистриран од ФДА за секојдневна употреба. Маската е направена од јасен поликарбонат отпорен на магла и ги штити очите, носот и устата, кои се главни патишта за инфекција. Поликарбонатната конструкција не само што е отпорна од гребење, туку е и отпорна на вода, ве заштитува без оглед дали времето е сончево или врнежливо.


2

Дизајнот на „Блок“ ја следи основната форма на вашето лице. Обезбедува целото лице да е покриено однапред и ви овозможува да гледате јасно. Најзначајно достигнување е можноста да обезбеди удобност и стил заедно со безбедноста.

Извор: Yankodesign.com
Фото: Henry Kwak
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот