X
 25.05.2022 Наука

Откриена огромна подземна река која ги „храни“ вулканите во светот

Повеќето од активните вулкани на Земјата се наоѓаат во „Огнениот прстен“, област која граничи со Тихиот Океан од југ со Јужна Америка, преку Централна и Северна Америка, потоа Источна Азија, Јапонија, Индонезија и ровот Кермаде на југозападниот дел на Пацификот. Во таа област се случуваат најголем број вулкански ерупции и земјотреси, а научниците долго време се прашуваа што ги „храни“ вулканите надвор од „Огнениот прстен“.

Сега тие дојдоа до одговорот, кој е објавен во научното списание „Нејчр“. Скриена длабоко под земја, огнената река изгледа како да излегува на површина во областа на островот Реунион во Индискиот Океан. На тој остров се наоѓа еден од најактивните вулкани во светот, Питон-де-ла-Фурнез, или во превод „врвот на печката“.

Научниците претходно претпоставуваа дека постои ваков подземен тек на лава, но досега не беа во можност да го видат сеизмолошки, сè додека меѓународниот тим, предводен од Марија Чекмисренко од Универзитетот во Оксфорд, не го мапираше ова огромно „вулканско дрво“ користејќи податоци собрани од геолошки „телескоп“ кој ги регистрира вибрациите на планетата.

- Луѓето гледаат во ѕвездите многу години и им е многу полесно, гледањето под земја е многу голем предизвик - вели Шен Котар, сеизмолог од Универзитетот „Кембриџ“.

Огромното подземно дрво не само што го „храни“ Питон-де-ла-Фурнез, туку и голем број други вулкани, вклучувајќи ги и оние оддалечени 3.000 километри во Источна Африка. Се претпоставува дека ова вулканско дрво е поврзано и со вулканите на Хаваите, кои не се блиску до „Огнениот прстен“, иако се наоѓаат во Тихиот Океан.

Научниците веруваат дека пред околу 65 милиони години оваа подземна река од лава ја „запалила“ вулканската област на висорамнината Декан во Индија, област која има доволно сеизмолошки потенцијал да зафати 1,5 милион квадратни километри површина.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука