X
 25.06.2020 Култура

Стотици филмски класици од Јапонија, Франција и САД сега се достапни на интернет бесплатно

Со затворени кина речиси секаде низ светот, на луѓето им останува интернетот за да уживаат во филмовите. Затоа, откако се појави пандемијата, многу филмски архиви ги понудија своите колекции на интернет. Во продолжение може да најдете филмови од Јапонија, Франција и од САД кои се бесплатни за гледање, а некои дури и бесплатни за преземање.

Американскиот национален филмски регистар

Конгресната библиотека, што претставува национална библиотека на САД, одбира филмови кои ќе ги зачува поради културната, историската или естетската важност. Голем дел од нив се достапни за гледање.


Фото: YouTube

Тука може да се погледне филмот за женските права во Порторико „Модеста“ од 1955, филм за блуз и џез-пејачката Беси Смит, како и филмот за расната дискриминација „Во наши порти“ од 1919.

Француска кинотека

Француската кинотека во моментов е затворена, но на нејзината онлајн-платформа може да се најдат ретки класици. Овде може да се најде филмот за женски шпион „Протеа“ од 1913, како и филмска адаптација на расказот „Пропаста на куќата на Ашерови“ од Едгар Алан По.

Има и филм од 1924 за група пријатели кои еден ден се будат и откриваат дека сите луѓе во Париз се замрзнати во одреден момент.


Јапонски анимирани филмски класици

Овде може да се најдат филмови стари до 1917. Меѓу другото, може да се погледне краток филм за несреќен самурај од 1917 и филм од 1935 кој го покажува животниот циклус на едно растение.


Национална фондација за зачувување на филмот

Станува збор за непрофитна организација која се формирала за да ги зачувува филмовите кои инаку би исчезнале. Во архивата на фондацијата има многу стари анимирани филмови што биле откриени во Австралија и Нов Зеланд.

Тука може да се пронајде филм од Орсон Велс кој долго време се сметал за уништен и уште една, различна верзија од веќе споменатиот расказ на Едгар Алан По, „Пропаста на куќата на Ашерови“.

Извор: openculture.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура