X
 25.06.2021 Живот

Чудни работни ангажмани: Се бараат лица да пијат вода, практиканти да дегустираат марихуана

Во САД, може да бидете платени за да пиете вода или да пробувате производи базирани на марихуана.

Стартап-компанијата „Хидрант“ од Њујорк бара лице што во период од осум недели ќе пие вода. Компанијата произведува суплементи за вкусови за вода и бара „жедно лице“ кое сака да биде во центарот на вниманието.


Фото: Pixabay

Лицето ќе треба да пие 8 чаши вода со некој од суплементите на компанијата и да објавува креативни видеа на „Инстаграм“ и „Тик-ток“. Од лицето ќе се бара да објавува најмалку три видеа на социјалните мрежи во период од осум недели, а за тоа ќе добие хонорар од 15.000 долари.

Пријавувањето е едноставно - треба да снимите видео од 15 секунди за компанијата во кое објаснувате зошто сте жедни.


Фото: Pixabay

Доколку сакате да разгледате повеќе опции за необични работни ангажмани, компанијата за производство на марихуана „Емџеј“ вработува тројца практиканти кои ќе ги конзумираат и оценат сите производи на компанијата.

Станува збор за тримесечна пракса.

Извор: Insider
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот