X
 25.07.2017 Живот

Меша Селимовиќ: „Знаеш што е најубаво во животот? Желбата, пријателе“

Мехмед Меша Селимовиќ (26 април 1910 - 11 јули 1982 година) бил истакнат југословенски писател од Босна и Херцеговина кој творел во втората половина на 20 век. Негови најпознати дела се „Тврдина“, „Дервишот и смртта“, „Тишина“. Добитник е на многубројни награди.

Ова се само некои од неговите инспиративни цитати:

„Се плашиш од овнови, се плашиш од го*на, а кога ќе живееш?“

„Човекот се навикнува на секаква смрдеа“.

„Одиме без причина, се радуваме без причина, се смееме без причина, со една единствена причина, бидејќи сме живи и се сакаме. А каде ќе пронајдеш поголема причина“.

„Кога ми е тешко, бегам во самотија; кога ми е уште потешко, барам добри луѓе“.

„Најлошо е кога луѓето молчат, кога не објаснуваат, па секој сомнеж има право на живот. И твојот и мојот...“

„Најголемата мудрост во животот е човек да ја пронајде вистинската лудост“.

„Не сакаш да пречиш, не сакаш кога некој криво те гледа, не сакаш некој да ти каже лош збор. Тогаш, како мислиш да живееш?“

„Никој не може да му натовари толку мака колку што човек може да си натовари сам себеси“.

„Одмаздата е како пијанство - никогаш не е доволна“.

„Солзи ми течат од смеење. Ако престанам да се смеам, ќе останат само солзи“:

„На секој ќе му го признам правото да ме измами, освен на пријателот“.

„Постојат повеќе добри луѓе во светот отколку лоши. Многу повеќе! Само лошите надалеку се слушаат и потешко се доживуваат. Добрите молчат“.

Знаеш што е најубаво во животот? Желбата, пријателе“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот