X
 25.07.2019 Живот

Лас Вегас дава можност казните за паркинг да се платат во училиштен прибор

Лас Вегас дојде до одлична идеја - сите оние кои заработиле казна за паркинг, наместо да ја плаќаат во долари, да платат во училиштен прибор.

Казните за паркинг што биле издадени помеѓу 16 јуни до 19 јули, граѓаните можеа да ги плаќаат во училиштен прибор што подоцна се донира во училиштата. Просечната казна за паркинг во Лас Вегас е околу 50 долари.

Така, сите луѓе кои заработиле казна можеа да ја платат со нов, неотворен училиштен прибор или прибор со поголема вредност од казната. Како што објави градскиот совет, приборот се донира на „Размена на наставници“, непрофитна невладина организација.

Ова не е првпат Лас Вегас да покрене ваква инцијатива. Слични иницијативи се покренуваат уште од 2016 година. Ова е одлична идеја со оглед на тоа што казните са паркинг достигнуваат милиони долари годишно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот