X
 25.07.2019 Живот

Швајцарија продава камени куќи за помалку од едно евро!

Локалните власти во италијанскиот кантон Тичино во Швајцарија пордаваат куќи за само еден франк, односно помалку од едно евро. Станува збор за симболична цена за недвижнини чија главна цел е да привлечат ново население во селцето Монти ди Шага во близина на италијанската граница.

На располагање се девет камени куќи, а по склучувањето на договорот, купувачите се обврзани да ги реновираат куќите според тамошните прописи. Куќите се наоѓаат во планинската област со поглед на езерото Маџоре и имаат достапни водоводни инсталации, што значително го олеснува нивното реновирање.

Селцето e уште едно во низата акции што ги преземаат властите на напуштените средини за да привлечат луѓе. На сличен начин локалните власти се обидуваа да ги привлечат луѓето на Сицилија, на грчките острови и во Шпанија.

Дополнителни информации за купувањето на камените куќи можете да добиете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот