X
 25.07.2020 Наука

Најдлабоката дупка ископана на Земјата

Како што објаснува корисникот на „Јутјуб“, Тоти, подвигот да се ископа најголемата дупка на Земјата бил таков што за него се знаело помалку отколку за патувањето на Месечината. Додека светот ги поместувал границите во истражувањето на вселената и измислувањето напредна технологија, нашето знаење за она што е на површината на Земјата можеби не се зголемувало со исто темпо.

До неодамна научниците биле поделени кога станува збор за она што ги предизвикува земјотресите и еруптирањето на вулканите, како и други природни процеси. САД започнале со проект за копање на најдлабоката дупка на планетата во 1960, но тој бил неуспешен и стопиран.


Фото: Pixabay

Во меѓувреме Русија се подготвувала за копањето и тоа го сторила десет години подоцна. Дупката била ископана на Колскиот Полуостров.

Руските научници почнале да ја копаат најголемата дупка во Земјата во 1970. Проектот завршил во 1992. Биле ископани 12.262 метри, а проектот бил стопиран поради високите температури длабоко под површината на земјата. За споредба, ова е подлабоко од најдлабоката природна точка на планетата, која е длабока 10.900 метри.


Фото: Pixabay

Длабочината на дупката е поголема од височината на Монт Еверест. Доколку би паднале во дупката, иако таа е многу тесна и тоа е невозможно, би паѓале 4 минути пред да стигнете до дното.

До денес оваа дупка претставува најдлабоката вештачка дупка на Земјата. На овие длабочини научниците откриле течна вода многу подолу отколку што се претпоставувало дека е возможно, како и микроскопски фосили од планктони на 6,8 километри од површината. 

Извори: boingboing.net и youtube.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука