X
 25.07.2021 Наука

Што го прави мирисот на морето толку уникатен?

Дали постои нешто подобро од одмор на плажа кога ќе го почувствувате мирисот на морето по долго време? Тој студен, малку сулфурен мирис е речиси подобар од првиот поглед кон морето.

Но, зошто морето мириса на море или морските плодови имаат вкус на морска храна?

Излегува дека постојат неколку хемикалии што ѝ го даваат тој специфичен мирис на средината околу солена вода.

Диметил сулфид или ДМС, е класичен сулфурен мирис на морето и се произведува од видовите бактерии што јадат фитопланктон.

ДМС доаѓа од планктонот, кој по неговата смрт се претвора во ДМС-гасови од бактериите што го јадат. Морските птици го следат мирисот на ДМС за да најдат области за лов, бидејќи синџирот на исхрана во морето почнува со планктон, кој го јадат ситните риби, нив ги јадат поголеми риби, а морските птици на крајот ги јадат поголемите риби.

Диметил сулфидите се чувствуваат во воздухот на крајбрежните солени и приливни мочуришта. Ова се должи на разните видови солена трева. Планктонот може да биде отсутен од област на морето, но солените мочуришта се полни со различни видови солена трева и ова е една од причините зошто солените мочуришта на брегот на Калифорнија мирисаат на море повеќе отколку брегот.

more
Фото: Freepik

Други соединенија што му даваат мирис на морето се бромофенолите. Тие често се опишуваат како мирис на риба, а во високи концентрации може да мирисаат на јод. Исто така, веројатно им го даваат оној прекрасен вкус на свежите ракови, свежата риба или на остригите.

Стекнати преку исхраната на овие животни, често преку јадење морски црви и други организми што живеат на дното на морето, бромофенолите всушност им се даваат на одгледуваните риби за да му го дадат препознатливиот вкус на океанот.

И на крај, научниците откриле дека една хемикалија произведена во јајцата на видови алги има многу силен „мирис на плажа“. Кога е изолирана, мириса на алги, а ако сте на плажа каде што има многу алги, тогаш можете да ги мириснете фермоните на растението.

Сите овие го даваат препознатливиот мирис на море. Во комбинација со крем за сончање со мирис на кокос, имате прекрасен одмор на плажа.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука