X
 25.07.2022 Политика

Како Британците ќе го одберат следниот премиер?

Неодамна британскиот премиер Борис Џонсон ја достави својата оставка на функцијата. Како ќе биде одбран новиот премиер? Ако мислите дека Обединетото Кралство го одбира премиерот со избори, тоа не е така.

Во оваа земја се одржуваат генерални избори на секои пет години, но јавноста не гласа за премиерот, туку за претставник на нивната изборна единица. Политичката партија со најмногу освоени изборни единици победува на изборите, а лидерот на партијата најчесто станува премиер.

Кога станува збор за изборот на лидер на партијата, тоа се разликува од партија до партија. Во случајот на Конзервативната партија, која во моментот е на власт и која ќе го одбере следниот премиер, лидерот се одбира преку интерни гласови.


Фото: Pixabay

Кандидатите мора да бидат номинирани од 20 други колеги, а потоа се гласа со процес на елиминација додека да останат двајца кандидати. Потоа членовите на партијата гласаат за еден од овие нив.

Во трката за нов премиер на Обединетото Кралство останаа бившиот министер за финансии Риши Сунак и актуелната министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Конзервативната партија моментално има околу 200.000 члена, што е 0,3 отсто од целото население. Овие луѓе сега ќе одбираат меѓу двајцата кандидати за премиер и ќе го одберат новиот премиер на земјата.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика