X
 25.08.2018 Технологија

Која социјална мрежа ужива најголема доверба меѓу корисниците?

Ако мислите дека лажните вести и спамираните социјални вести доминираат во вашето интернет искуство, тогаш не сте сами. Дигиталната доверба што луѓето ја имаат во платформите за да ги заштитат нивните информации и да обезбедат безбедна средина за креирање и ангажирање во содржината, е во опасност.

Всушност, во новата анкета спроведена од „Бизнис Инсајдер“, кај повеќе од 1.300 глобални потрошувачи, повеќе од половина (54 отсто) велат дека лажните вести и измамите биле „исклучително влијателни“ и „многу влијателни“ врз нивната одлука да се вклучат во реклами и спонзорирани содржини.

За бизнисите, оваа недоверба има финансиски последици. Повеќе не е доволно да се создаде силна порака; брендовите, продавачите и социјалните платформи мораат да ја фокусираат нивната енергија на создавање средина која за потрошувачите ќе биде најприфатлива. Кога брендовите стигнуваат до потрошувачите на платформи во кои тие веруваат, тие го зголемуваат нивниот кредибилитет и ја зголемуваат веројатноста за добивање на позитивно ангажирање на публиката.

Извештајот за дигитална доверба 2018, собра ексклузивни податоци од анкетата за анализира на перцепциите на потрошувачите на „Фејсбук“, „Твитер“, „Снапчет“, „Инстаграм“, „Линкедин“ и „Јутјуб“.

Истражувањето ги дели перцепциите на потрошувачите за социјалните медиуми низ шест столба: доверба, безбедност, легитимност, заедница, корисничко искуство, споделување и релевантност. Резултатите? „Линкедин“ победи.

podatoci
Фото: Business Insider


Како платформа што ужива најголема доверба втора година по ред, „Линкедин“ го освои првото место во речиси секој столб, а постојат неколку причини зошто.

-„Линкедин“ продолжува да има корист од професионалната природа на својата заедница - корисниците на платформата имаат тенденција добро да се однесуваат и да имаат помалку лични информации во ризик, што овозможува средина со повеќе доверба.

-Корисниците на „Линкедин“ се поселективни и посвесни за ангажманот кога се во интеракција во нивната професионална мрежа, што може да ја зголеми довербата во содржината.

-Содржината на „Линкедин“ обично е објавена од страна на поединци и организации ориентирани кон кариерата што сакаат да промовираат професионални интереси и затоа се смета за повисок квалитет од другите платформи.

Извештајот за дигиталната довеба 2018 покажува дека социјалните платформи се соочиле со многу скандали поврзани со податоците, приватноста на корисниците и безбедноста на корисниците во 2017 година. Извештајот ги анализира клучните промени во ранг-листата од 2017 година, идентификувајќи трендови во однесувањето на милениумците на социјалните мрежи, и истакнувајќи каде овие платформи имаат можност да го привлечат вниманието.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија