X
 25.08.2020 Живот

2020 година сумирана во една фотографија

Во фотографија направена од фотографот Ноа Бергер од „Асоишејтед прес“ е прикажан пожар кој се движи нагоре по рид, заобиколувајќи знак на кој пишува: „Носете маска, мијте ги рацете, практикувајте социјално дистанцирање, останете безбедни, дојдете придружете ни се“.

Интернетот беше привлечен од зачудувачката иронија на фотографијата.

- Гледавме како пламените се приближуваат преку ридот со навистина брз и силен интензитет. Она што ми го привлече вниманието беше знакот за насоки, па застанав и го фотографирав тоа, а потоа забележав дека до него има уште еден знак - вели Ноа Бергер.

Пожарникарите во Калифорнија со недели се борат со големите пожари, при што во моментот има околу 560 активни пожари, откако удри гром.

Бергер бил на задача да го фотографира пожарот кога успеал да ја направи оваа фотографија.

- Само што ќе го погледнете знакот, веднаш помислувате: „Тоа е 2020 година“. Тоа е знак на времето кога сите бевме избезумени за една работа и по неа доаѓа друга луда работа - вели Бергер.

Пожарите што ја уништуваат Калифорнија доаѓаат среде недостигот на ресурси, како резултат на ограничувањата наметнати од Ковид-19, додека десетици илјади луѓе мора да бидат евакуирани, зголемувајќи ги ризиците за ширење на Ковид-19.

Извор: 9news.com.au
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот