X
 25.08.2021 Живот

Шамоа - единственото село во Италија во кое не постојат автомобили

На 1.815 метри надморска височина, на врвот на величествена алпска висорамнина, се наоѓа селото Шамоа.

Станува збор за највисокото италијанско село, а прво и единствено село во Италија каде што не постојат автомобили, ниту пак со автомобил може да се стигне до него.

Во 1965 година, кога еколошката одржливост сè уште не беше популарен концепт низ светот, во Шамоа била изградена жичница, која до ден-денес останува неговата единствена врска со остатокот од светот и на која сите жители се горди.

- Тоа е нешто што нè прави многу горди. Изолираноста за некои е пречка, но за нас е можност, речиси неопходност. И сакаме работите да останат онакви какви што се. Горди сме што луѓето направија избор: не сакаме пат - вели градоначалникот на Шамоа, Марио Пучи.



Шамоа било изолирано уште од основањето, во 18 век. Најмногу имало 350 жители, но оваа бројка денес е намалена на 106.

- Роден сум во една од куќите што се наоѓаат на најголемата височина, на 1.950 метри. Во минатото врската со долината беше патека по која се одеше пешки или на магаре - вели Атилио Дукли.

Кога италијанската економија почнала да зајакнува, државата инвестирала многу во патната инфраструктура. Но, во 1955 година жителите на Шамоа на референдум ја одбиле можноста да се изгради пат. Наместо пат, подоцна била изградена жичница, која работи и денес. Таа го поврзува Шамоа со Буисон на 1.100 метри и патувањето трае пет минути.


Извор: BBC
Фото: BBC/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот