X
 25.08.2022 Наука

Како да го следите во живо лансирањето на „Артемис I“ кон Месечината?

По околу 50 години од завршувањето на мисиите „Аполо“, американската вселенска агенција НАСА е подготвена да се врати на Месечината.

На 29 август агенцијата треба да лансира нова мисија до Месечината наречена „Артемис I“. На мисијата нема да има астронаути, но сепак претставува чекор напред во целите на НАСА повторно да испрати луѓе на Месечината во иднина. Во моментов планот е да се пратат астронаути на Месечината во 2025 година.

Ракетата „Артемис I“ е голема колку 32-катна зграда. Таа ќе биде лансирана од Земјата в понеделник за да однесе мала сонда наречена „Орион“ во орбитата на Месечината. Инструментите на „Орион“ ќе мерат важни информации за условите кои ќе им помогнат на идните мисии на Месечината.

НАСА ќе го пренесува лансирањето на ракетата во живо. Преносот ќе почне во 14:33 часот според средноевропско време. Преносот следете го на видеото во продолжение.


Извор: Cnet
Насловна фотографија: NASA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука