X
 25.09.2020 Здравје

Бразилски град имал толку многу случаи на Ковид-19 што се создал колективен имунитет

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во градот Манаус, Бразил, се намалува. Експертите се сомневаат дека тоа се случува бидејќи многу луѓе веќе се заразиле и ширењето на заразата станува потешко. Доколку ова е точно, тогаш Манаус постигнал колективен имунитет, односно во градот се заразиле толку многу луѓе што природно се создал имунитет на болеста.


Фото: Манаус/Wikipedia

Во ново истражување, тим од американски, британски и бразилски научници заклучил дека околу 66,1% од жителите на Манаус се заразиле со Ковид-19 досега, што одговара на процентите за кои епидемиолозите предвидуваа дека ќе бидат потребни за да се постигне колективен имунитет.

Истражувањето сè уште не било рецензирано и формално објавено, а можеби други фактори влијаеле врз намалувањето на бројот на новозаразени.

Како што објаснува Томас Русо, експерт за заразни болести на Универзитетот во Бафало, кој не работел на истражувањето, податоците интригираат, но тешко е да се заклучи дали станува збор за колективен имунитет или за комбинација од повеќе фактори.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје