X
 25.09.2021 Живот

Најубавиот град во светот

Секој има свое мислење за тоа кој е најубавиот град во светот. Со појавата на „Инстаграм“, тежок е изборот поради милијарди слики поставени од многу различни места.

Но, според „Тајм аут“, градот Прага беше избран за најубав град во светот.

Главниот град и најголем град во Чешка е избран за најубав град во светот. „Тајм аут“ направи анкета и праша 27.000 жители на градови во светот за тоа кои се врвните квалитети во градовите, а Прага се најде на врвот со 83 отсто од гласачите што го фалат градот.

praga
Фото: Freepik

Тоа што Прага е изгласан за најубав град во светот не е ништо ново бидејќи беше рангиран на седмо место од вкупно 37 најдобри градови во светот и е популарна дестинација за љубителите на архитектурата и љубителите на историјата. Прекрасните архитектонски знаменитости на градот, како Карловиот мост и Астрономскиот часовник, се некои од причините што Прага беше прогласен за најубав град во светот.

Прага, исто така, е на второто место по индексот за релаксација на „Тајм аут“.

Извор: Matadornetwork.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот