X
 25.10.2018 Живот

Хавајски остров исчезна од лицето на Земјата

На Источниот Остров, зафрлен песочен предел од Хавајскиот Архипелаг, му се броеја деновите. И судниот ден дојде.

Сателитските снимки објавени оваа недела откриваат дека тој е „избришан“ од моќните бранови на бурата по ураганот „Валака“, еден од најинтензивните урагани во Пацификот.

Фотографиите направени пред и потоа, а овозможени од американската Служба за риби и див свет, ја отсликуваат застрашувачката приказна за она што можеби ги очекува сличните островчиња поради климатски промени.

- Само си помислив: „О, Боже, го нема“ - истакнува климатологот Чип Флечер од Хавајскиот универзитет.

Источниот Остров - заедно со блискиот (и оштетен од ураганот) остров Терн - беше важна земја за породување на загрозените фоки именувани хавајски монах и земја за гнездење на загрозените зелени морски желки.

Важното живеалиште, кое сега постои само под брановите, веќе не може да овозможи безбедна и сува територија за тие животни или за морските птици. Иако истражувачите сè уште не го оцениле степенот на закана за локалниот див свет, предвидувањата не се добри.

Островот фотографиран во мај
Фото: Science Alert

Островот по ураганот
Фото: Science Alert

Источниот остров беше само мало земјиште долго околу еден километар и широко 120 метри, но сепак беше вториот најголем остров во најголемиот атол во севернозападните хавајски острови и дел од заштитената област Папаханаумокуакеа.

Папаханаумокуакеа беше прогласена за заштитена област во 2006 година и е третата најголема таква област во светот.

Каде на друго место можеме да очекуваме да го видиме ова? Што можеме да направиме за да ги спречиме ваквите појави? Уште колку време ни остана?

Некои истражувачи велат дека сме во почетните фази, а други веќе предвидуваат дека исчезнувањата на островите нема да бидат изолирани инциденти.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот