X
 25.10.2018 Технологија

Проверете кои податоци „Епл“ ги собрал oд вас

Не сакате големите технолошки компании повеќе да земаат информации за вас? Ова е вашата шанса да си земете нешто назад. Дури и ако не ви пречи овој вид на споделување информации, „Епл“ сега ви дава можност да прегледате токму кои информации овозможувате да бидат достапни за компанијата.

Обидите на Европската Унија да ги заштити податоците на своите граѓани преку ГДПР создаде еден вид ореол за приватноста што полека се шири надвор од европските граници. Една од компаниите што се придржуваат кон оваа регулатива е и „Епл“.

Кога законот стапи во сила претходно оваа година, технолошкиот гигант објави алатка за зголемување на податоците и следење на транспарентноста. Еве како да проверите што компанијата знае за вас.

1. Логирајте се со вашиот „Епл ај-ди“


Посетете го центарот за податоци и приватност на „Епл“ и логирајте се со вашето корисничко име. Ако имате автентикација со два фактори, ќе треба да внесете код за потврда од друг уред.

2. Побарајте ги вашите податоци

2
Фото: Charlie Wood

Откако ќе влезете, ќе изберете „Get a copy of your data“ за да видите какви податоци има „Епл“ за вас.

3. Изберете ги податоците што вие сакате да се споделуваат

3

Фото: Charlie Wood


„Епл“ води евиденција за информациите што ги внесувате активно, како календари и обележувачи, како и повеќе пасивни информации, на пр., апликациите што сте ги презеле. Изберете кои податоци сакате да ги споделувате, а кои не.

Како што избирате, имајте на ум дека некои од достапните информации вклучуваат датотеки со голем обем, како што се фотографии и документи на „Ајклауд“, што значи дека може да ви земе од просторот за складирање.

4. Изберете ја големината на документот што го сакате

4
Фото: Charlie Wood


Следно, можете да изберете да ги поделите податоците што ќе ги примите. 1 гигабајт веројатно ќе биде доволно.

Освен ако не преземате пакети со висок волумен, вашите податоци веројатно ќе бидат помалку од 1 гигабајт. Кога ќе бидете подготвени, кликнете „Complete request“.

5. Трпеливо почекајте


Иако „Епл“ веднаш треба да ве извести преку е-порака дека го добил вашето барање, нема да ги добиете податоците во период од една недела.

6. Уредете ги вашите податоци


Откако ќе ги прегледате податоците што „Епл“ ги знае за вас, можете да ги уредите основните информации - контакт, лозинки, уреди и начини на плаќање. За да го направите тоа, вратете се до страницата за приватност и кликнете „Correct your data“.

7. Избришете ја или деактивирајте ја вашата сметка

7
Фото: Charlie Wood

Ако повеќе не сакате да ги споделувате информациите со „Епл“, тогаш можете да ја деактивирате или избришете вашата сметка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија