X
 25.10.2019 Живот

600 тони нафта го загадија брегот на Бразил - властите не знаат од каде дојдоа

На почетокот од септември на брегот на Бразил се појавила густа дамка од нафта. Во последните неколку недели 600 тони нафта се прошириле на повеќе од 1.600 километри од брегот, загадувајќи некои од најубавите плажи на земјата и убивајќи ги сите видови морски животни.

Но, и покрај направената штета, најважните прашања остануваат неодговорени: од каде доаѓа нафтата и како може да се запре?

Очигледната неспособност на бразилската влада да одговори на овие фундаментални прашања привлече големо внимание кон политиките за животна средина на претседателот Жаир Болсонаро, кој ова лето се обидуваше да ги смири пожарите што гореа во Амазон.

Најпрво Болсонаро се обидуваше да ја обвини Венецуела, а потоа „криминалните акции“ чија цел била да уништат голем тендер за нафта. Тој постојано ги напаѓа агенциите за заштита на животната средина.

1
Фото: Profimedia


- Ова е јасна одмазда поради неактивноста на владата - вели Маркус Мело, професор по политички науки на Федералниот универзитет во Пернамбуко.

Во понеделникот потпретседателот Хамлитон Муро објави дека ќе бидат испратени уште 5.000 војници за да помогнат во расчистување на дамката, но за многу Бразилци одговорот предоцна доаѓа.

2
Фото: Reuters


- Луѓето од североисток ја чистат нафтата од брегот со своите раце додека сојузната влада е неподвижна - вели Џоел де Оливиера Фило, сопственик на хотел на плажата Карнеирас - една од најпознатите плажи.

3
Фото: ЕРА


Во Баија волонтерите ја организирале групата „Чувари на крајбрежјето“ за чистење на плажата. Има 19.000 инстаграм-следбеници и собра 4.800 долари онлајн за заштитни ракавици, чизми и маски.
- Ова е организација од граѓанското општество. Нашето движење не поддржува никаква политичка партија, ние ја поддржуваме природата. Она што сакаме е објаснување и ефективно дејствување - вели Мигел Сехбе Нето, администратор на компанија од Салвадор, кој раководи со една од 20. екипи на плажата.

- Не ја знаеме големината на непријателот - вели Мигел.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот