X
 25.10.2022 Живот

Чистење на местото на злосторството, проверка на квалитетот на тампоните... Дали би ги работеле овие чудни професии?

Луѓето имаат различни професии и работни места. За голем дел од нив знаеме, но голем дел се прилично чудни и бизарни. Ви претставуваме неколку од нив:

Чистач на местото на злосторството

За жал, луѓето умираат. Без разлика дали тоа е природна смрт или сценарио каде што насилството игра голема улога, сите ние во одреден момент од животот ќе се соочиме со смртта. И како што најдобро знаат форензичарите и чистачите на местото на злосторството, смртта понекогаш е прилично грозоморна. Можеме само да замислиме колкав е стресот кога треба да го гледате најлошото од човекот од ден на ден и да се надевате дека следниот ден ќе имате само едноставно, класично убиство. Токму затоа оваа професија ја сметаме за најлоша и највалкана на целиот свет, така што секоја чест за оние што ја работат.

Чистач на отровни/радиоактивни материјали

Прилично лошо е ако вашето работно место бара да се вовлечете во цевка или некој реактор и да го исчистите акумулираниот токсичен и/или радиоактивен материјал, додека носите заштитен костим од 1964 година, што и тогаш било крајно небезбедно. На крајот на краиштата, како инаку би можеле да уживаме во придобивките од нуклеарната енергија или сите оние прекрасни пластични ситници што ги земаме здраво за готово, ако некој несреќник таму не ги ризикува својот живот и здравје за да ја одржува машината да работи без престан и да добива мизерна плата?

pazuvi
Фото: Freepik

Проценувач на мирис под пазувите


Името на оваа професија кажува сѐ. Описот на ова работно место вклучува процена на мирисот од пазувите во сите ситуации кои вклучуваат потење и тестирање различни дезодоранси, антиперспиратни и слични производи. Најпрво се проценува оригиналниот мирис што го испушта телото преку потењето, по што се нанесува дезодоранс или друго средство и се проценува мирисот или отсуството на мирис предизвикан од потење.

Проценувач на здив

Проценувачот на здивот има задача да го процени таканаречениот „утрински здив“ или „здивот нарушен од силни мириси“ како што се кафе, лук и кромид. Овие луѓе обично работат во компании кои произведуваат низа производи за забна и орална нега.

Тестер на тампони

Проверката на моќта на апсорпцијата и јачината на конецот на тампонот се во согласност со прописите на агенциите за храна и лекови во земјите низ светот. Се проверуваат сите големини на тампоните, а еден испитувач треба да ја провери исправноста на околу 125 тампони дневно.

tamponi
Фото: Freepik

Дизајнер на посмртни урни

За сите оние што ќе одлучат да бидат кремирани, постојат уметници кои специјално ќе дизајнираат урна која потоа ќе им биде предадена на најблиските за да ги чуваат останките, односно пепелта. Изборот на обликот на урната варира, а во зависност од креативноста и побарувачката, варира и цената.

Тестер на храна за кучиња


Некои луѓе се платени да тестираат храна за кучиња за да проценат дали е доволно квалитетна. Ги вработуваат производителите, а спротивно на вообичаеното верување дека не може секој да ја работи оваа работа, за успешна работа потребни се добри сетила - откако ќе ја помирисаат и пробаат храната, најчесто ја плукаат. Тестер за храна за кучиња може да заработи до 22.000 евра годишно.

Професионален чувар на вашиот ред

Веројатно мислевте дека би било одлично ако некој друг чека ред наместо вас. Отсега можете да платите професионалец да застане наместо вас додека вие седите. Во САД можат да заработат и до 1.000 долари неделно. Сè што ви е потребно за оваа работа се силни мускули на нозете и многу трпение.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот