X
 25.11.2018 Технологија

Промена на „Јутјуб“ поврзана со рекламите - ќе станат помалку иритантни

„Јутјуб“ наскоро ќе започне со тестирање на две реклами што ќе бидат прикажани пред започнувањето на видеото.

Рекламите ќе можат да се прескокнат, така што корисниците нема да бидат обврзани да ги гледаат. Кога ќе се појави една од овие „ad pods“, со тоа ќе се намали веројатноста да се појави друга реклама подоцна во текот на видеото.

Од „Јутјуб“ велат дека промената е базирана на истражување спроведено на искуството на корисниците што покажало како корисниците реагираат на повеќе реклами во долги видеа.

-Нашето неодамнешно истражување направено на искуството на корисниците покажува дека покрај факторите како што се должината на рекламите, гледачите се прилично чувствителни на фреквенцијата на паузите за рекламирање, особено за време на подолгите сесии - велат од компанијата.

Помалку прекини доведуваат до подобри кориснички параметри, како што се помалку напуштања и повисоки стапки на гледање на рекламите. Првите вакви „ad pods“ ќе бидат лансирани за персонални компјутери, подоцна за телефоните и на крај за телевизорите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија