X
 25.11.2020 Спорт

Почина фудбалската легенда Марадона

Фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, еден од најголемите спортисти на сите времиња, почина на 60-годишна возраст.

Марадона имал срцев удар во неговиот дом во Буенос Аирес.

Тој месецов беше на операција поради згрутчување на крв во мозокот и требаше да се лекува од зависност од алкохол.

Марадона беше капетан кога Аргентина го освои Светското првенство во 1986 година, кога го дава познатиот гол наречен „Божја рака“ против Англија во четврт-финалето. Во неговата клупска кариера играше за Барселона, Наполи, Севиља, Бока Џуниорс и други.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт