X
 25.11.2021 Образование

Симона Наумовска е новиот студентски лидер на УКЛО

На 24.11.2021 г. беше спроведена процедура за конституирање на Универзитетското студентско собрание на УКЛО (УСС УКЛО) за мандатниот период 2021/2022 година. Во ова студентско тело на УКЛО членуваат по два претставници - студенти од студентските собранија на единиците на УКЛО.

Во согласност со Законот за високото образование, Статутот на УКЛО и Статутот на УСС УКЛО на УКЛО, успешно заврши изборот на претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание.

1

Симона Наумовска, редовен студент на  Ветеринарниот факултет, е избрана за лидер на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Таа истакна дека со членовите на раководството на УСС и студентите на УКЛО ќе се реализира Програма за работа што треба да овозможи поддршка и помош за студентите, но и нивна поголема активност и учество во проекти.

2

Со изборот на Симона Наумовска за студентски лидер на УКЛО, на тајно гласање од три утврдени кандидатки, на УКЛО уште еднаш се афирмира базичното начело на еднаквост, со што УКЛО се вбројува меѓу универзитетите чија цел, меѓу другото, е постигнување вистинска родова еднаквост. Претходно функцијата студентски лидер на УКЛО во два наврати ја извршуваше Дона Петрова од Правниот факултет.

3

По изборот на претседател на УСС УКЛО се конституираа Извршениот и Надзорниот орган како тела на УСС, а исто така преку процедура на тајно гласање избрани се три преставници во Сенатот на Универзитетот, еден претставник во Ректорската управа и двајца преставници во Комисијата за самоевалуација на УКЛО.

На седницата е донесена одлука за спроведување законска процедура за избор и на студентски правобранител на УКЛО.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование