X
 25.12.2018 Култура

„Игра на троновите“ по секоја цена избегнува протекувања и спојлери - дури снима и лажни сцени

Со оглед на тоа што има уште четири месеци до враќањето на „Игра на троновите“, продуцентите преземаат секакви мерки за да го одржат снимањето во тајност.

Поминаа 1 година, 3 месеци и 24 дена откако последно ја видовме новата епизода од „Игра на троновите“. Имаме уште четири месеци до новата епизода. Фановите на серијата се обидуваат да направат сѐ што е во нивна моќ за да откријат спојлери или каква било информација за последната сезона. Но, Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс не оставија ништо на случајноста и презедоа драстични мерки за да ги чуваат информациите во тајност.

tron

- Тие се апсолутно параноични во врска со откривањето на кој било детаљ од серијата што би можел да ја уништи премиерата. Не ни беше дозволено на сетот да земеме наш текст. Моравме текстовите да ги читаме преку ајпад, а секој има различни безбедносни мерки. Сето ова беше проблем за актерите. Но, најдовме начин, или на телефони или на ајпади текстовите да бидат достапни на сетот - вели Ијан Глен, кој го глуми Џора Мормонт во серијата.

Продукцијата дури снимила и лажни сцени за да ги збуни луѓето во случај да протечат снимки. Навистина е штета што луѓето повеќе немаат трпение и што продукцијата е принудена да презема вакви драстични мерки за премиерата да биде изненадување.

Во интервју за Би-би-си Радио 5, Глен изјави дека сите што работеле на серијата - повеќе од 100 актери и членови на екипата, заедно ја прочитале приказната докрај. Искрено, овие шест епизоди се апсолутно феноменални. Сценаристите се навистина, навистина добри. Начинот на кој сѐ составија е сериозен подвиг. Имаше доста солзи тој ден. А таква е и сезоната - сезона на збогување и крај.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура