X
 25.12.2018 Живот

Последните зборови на затворениците осудени на смрт

Од 1982, државата Тексас во САД чува снимки од последните реченици што ги кажале затворениците осудени на смрт. Следуваат некои од најуникатните.

Чарли Ливингстон, 21 ноември 1997 – „Ме донесовте тука за да бидам погубен, не да држам говор. Тоа е сè.“


Џејмс Колиер, 11 декември 2002 – „Единственото нешто што сакам да го кажам е дека ја ценам гостопримливоста која ми ја дадовте и почитта, и последното јадење беше навистина добро... Фала, дечки, што бевте со мене и ми дадовте мала духовна поддршка.“


Денис Даутит, 7 март 2001 – „Многу жалам што моравте да поминете низ сево ова... доколку јас бев вие, ќе се убиев. Знаете, многу ми е жал за тоа, навистина ми е. Морам да одам, сестро, те сакам. Бог нека ве благослови сите. Грејси беше прекрасна и Тифани беше прекрасна. Имаш прекрасни девојчиња и жалам. Не знам што да кажам. Добро, Варден, ајде.“


Брајан Роберсон, 9 август 2000 – „Бидејќи им кажав сè што имав да им кажам на моите сакани, нема ништо да ви кажам сега... Затоа, ова е мојата изјава. До сите оние расистички бели луѓе во Америка кои мразат црни луѓе и до сите оние црни луѓе во Америка кои се мразат себеси: познатите зборови на мојот познат легендарен брат, Мет Тарнер: „Сите да ми го бакнете црниот з*****. Ајде.“


Дејвид Лонг, 8 декември 1999 – „Ох, само, извинете, сите. Направив сè што можев за да се слушнам со сите и да ви кажам колку ми е жал. Не сум добро откако се случи инцидентот... Бев израснат од авторитетите и не можам да откријат каде започна, што се случи, но навистина мислам дека тоа беше дното, тоа што ми се случи во Калифорнија. Бев во казнените училишта, но таму создаваат чудовишта. Тоа е сè, немам ништо друго за кажување. Фала што дојде, Џек.“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот