X
 26.01.2017 Технологија

Ваквото шпионирање на „Фејсбук“ не го спречува ни најсилната лозинка

Милиони корисници на „Фејсбук“ ширум светот, се обидуваат да ги заштитат своите профили со комплицирани лозинки кои е тешко да се пробијат, но ни најдобрата лозинка не може некого да заштити од најблиски – партнери, семејство и пријатели.

Истражувањето на научниците од Универзитетот на Британска Колумбија, во кое учествувале повеќе од 1.300 луѓе се покажало дека речиси четвртина од нив го прегледала профилот на својот партнер, пријател или член од семејството, кога имале можност за тоа.

21 процент од нив позитивно одговориле на прашањето дали на некој од нивните најблиски го проверувал нивниот профил на друштвената мрежа без нивно знаење или дозвола.

Проблемите најчесто се создаваат кога личноста не се одјавува од профилот на одреден уред, кој го користат и други лица. На туѓите профили најчесто се пристапува од неколку причини – љубопитност, љубомора или корист, но поголемиот дел од корисниците сепак истакнуваат дека се работи за забава – за да се промени профилната слика, да се објави статус или нешто смешно.

Освен силната лозинка, за што поквалитетна заштита на приватноста на „Фејсбук“, корисниците би требало секој пат да се одјавуваат од мрежата на сите уреди бидејќи никогаш не се знае до чии раце може да дојде уредот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија