X
 26.01.2019 Технологија

„Твитер“ тестира нова опција што навистина ќе ви се допадне

„Твитер“ тестира нова функција што во твитовите ќе додава назнака „оригинален твитерџија“ (original tweeter) за полесно да се разликуваат твитовите што пристигнале од оригиналниот профил.

Новата функција засега е достапна за мал број твитерџии со уреди што користат оперативен систем „Андроид“ и „Ајос“. Засега, нема многу детали за функцијата освен дека ќе се додаде сива назнака Original tweeter под името на корисникот, слично на индикаторот на статус што „Твитер“ го тестираше на почетокот на овој месец.

Функцијата би можела да биде корисна при комуникацијата на твитерџиите кои имаат поголем број следбеници за полесно да се разликуваат измамниците и пародиите.

tvit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија