X
 26.02.2022 Живот

„Вчера бев паметен, па сакав да го променам светот. Денес сум мудар, па се менувам себеси“. Мудри мисли за животот

Колку и да се трудиме да го одржуваме расположението, доаѓа ден кога сме тажни и се чини дека ништо не ни оди. Во моменти како овие, важно е да одвоиме малку време и да размислиме за сите работи во нашите животи кои докажуваат зошто само да се биде жив е најголемиот подарок што можеме да го добиеме. За да ви помогнеме со ова, подготвивме неколку цитати кои совршено би можеле да се опишат како виножитото што ви е потребно во дождлив ден.

- Секогаш давај без да се сеќаваш и секогаш примај без да заборавиш - Брајан Трејси.

- Ќе најдете мир во вистинскиот. Толку длабоко, што ќе можете и да ја преспиете бурата - Марк Ентони.

- Велат дека на човекот му требаат само три работи за да биде навистина среќен на овој свет: да сака некого, нешто да прави и нешто за што ќе се надева - Том Бодет.

- Трикот е да бидеме благодарни за нашето добро расположение и грациозни во нашето лошо расположение - да не ги сфаќаме премногу сериозно - Ричард Карлсон.

- Работите што ги правите за себе ќе ги нема откако вас ќе ве нема, но работите што ги правите за другите остануваат како ваше наследство - Калу Ндукве Калу.

1
Фото: Pixabay

Во ред е,
да ги облекувате истите алишта.
Да не го надградувате телефонот.
Да купувате предмети од втора рака.
Да живеете во едноставен дом.

Во ред е да живеете едноставен живот.

Ако го читате ова, честитки, живи сте. Ако тоа не е нешто за насмевка, тогаш не знам што е - Чад Суг.

- Штом ќе заврши бурата, нема да се сеќавате како успеавте да преживеете. Нема ни да бидете сигурни дали бурата навистина е завршена. Но, едно е сигурно. Кога ќе излезете од бурата, нема да бидете истата личност. Токму за тоа е бурата - Харуки Мураками.

- За привлечни усни, кажувајте добри зборови.
За убави очи, барајте го доброто кај луѓето.
За вита линија, споделете ја храната со гладните.
За убава коса, оставете го детето еднаш дневно да помине со прстите низ неа.
За сталоженост, одете со знаење дека никогаш нема да бидете сами - Сем Левенсон.

- Вчера бев паметен, па сакав да го променам светот. Денес сум мудар, па се менувам себеси - Руми.

2
Фото: Pexels

- Немој само да учиш, искуси.
Немој само да читаш, апсорбирај.
Немој само да се менуваш, трансформирај се.
Немој само да се поврзуваш, застапувај.
Немој само да ветуваш, докажи.
Немој само да критикуваш, охрабри.
Немој само да размислуваш, проучи.
Немој само да земаш, давај.
Немој само да гледаш, чувствувај.
Немој само да сонуваш, дејствувај.
Немој само да слушаш, ислушај.
Немој само да зборуваш, дејствувај.
Немој само да кажуваш, покажи.
Немој само да постоиш, живеј - Рој Т. Бенет.

- Ми се допаѓаат луѓето што се возбудуваат поради промената на годишните времиња, звукот на океанот, гледањето зајдисонце, мирисот на дождот и ѕвездените ноќи - Брук Хемптон.

- Мојата мисија, доколку изберам да ја прифатам, е да најдам мир со тоа кој сум и што сум. Да се гордеам со моите мисли, мојот изглед, моите таленти, моите недостатоци и да ја спречам оваа непрестајна грижа дека не можам да бидам сакан таков каков што сум - Анаис Нин.

- Ако не си благодарен за она што веќе го имаш, што те тера да мислиш дека би бил задоволен со повеќе? - Рој Т. Бенет.

Извор: Bright Side
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот