X
 26.03.2019 Наука

Откажана првата женска прошетка во вселената поради проблеми со скафандерите

Првата прошетка во вселената, во која би учествувале само жени, е откажана поради проблеми со скафандерот, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Ени Меклајн и Кристина Коч в петок требаше да инсталираат литиум-јонски батерии на Меѓународната вселенска станица. Но, постои само еден скафандер со големина „М“ кој одговара за двете жени. Поради тоа Коч в петок ќе излезе во вселената со својот колега Ник Хаг.

- Со оглед дека само еден скафандер со големина „М“ може да биде готов до петок 29 март, ќе го носи Кристина Коч - се наведува во соопштението од НАСА.

Меклејн, која тренираше во скафандер со големина „М“ и скафандер со големина „Л“, по минатонеделната прошетка низ вселената сфати дека скафандерот со средна големина најмногу ѝ одговара.

НАСА има два скафандера со големина „М“, но еден од нив треба правилно да биде конфигуриран за прошетка по вселената. Бидејќи се потребни многу часови за да се изработи скафандер, НАСА одлучи дека полесно и побезбедно е да ги смени астронаутите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука