X
 26.03.2019 Наука

Видео од 360 степени ве носи во центарот на Млечниот Пат

Врзете се и држете се, ќе бидете телепортирани во визуализација од 360 степени од центарот на Млечниот Пат.

Визуализацијата е резултат на податоците собрани од страна на рендгенската опсерваторија „Чандра“, вселенска опсерваторија која беше лансирана во орбитата во 1999 година. Суперкомпјутер во истражувачкиот центар „Ејмс“ на НАСА ги презентира податоците како симулација која можете да ја искусите од вашиот дом.

- Оваа визуализација ги покажува ефектите на тоа како гигантски ѕвездени џинови издувуваат можни ветришта во регионот околу супермасивната црна дупка на галаксијата - истакнаа од НАСА.

На снимката можете да видите гасови кои емитираат рендгенски зраци и изблици од гасови во близина на црните дупки. Според НАСА, овие гасови се со температура од милиони и милиони степени.

Во НАСА се надеваат дека ќе можат да ја искористат анимацијата за проучување на околината околу црната дупка.

Погледнете го видеото.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука