X
 26.03.2020 Спорт

Кога претходно биле одложени Олимписките игри?

Олимписките и Параолимписките игри што требаше да се одржат во Токио се одложени за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот.

Летната олимпијада е најголемиот спортски настан во светот, на кој се собираат над 10.000 атлетичари од целиот свет на секои четири години. Затоа, откажувањето или одложувањето на овој настан се случува многу ретко.


Фото: Pixabay

Од 1896, кога биле одржани првите модерни Олимписки игри, настанот бил одложен или откажан само шест пати. Игрите биле откажани за време на Првата светска војна и Втората светска војна. Игрите што требало да се одржат во 1940 во Токио биле одложени и префрлени во Хелсинки, Финска, поради војната, но потоа биле целосно откажани. Овогодишното одложување на Игрите е прво во историјата што не е предизвикано од војна.


Фото: Pixabay

Следува целата листа со одложените Олимписки игри во минатото.

1. Летни олимписки игри во 1916 во Берлин, Германија
2. Летни олимписки игри во 1940 во Токио, Јапонија и Хелсинки, Финска
3. Зимски олимписки игри во 1940 во Гармиш-Партенкирхен, Германија
4. Летни олимписки игри во 1944 во Лондон, Велика Британија
5. Зимски олимписки игри во 1944 во Кортина д'Ампеццо, Италија
6. Летни олимписки игри во 2020 во Токио, Јапонија

Извор: mentalfloss.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт