X
 26.03.2023 Образование

Јапонија се обидува да привлече повеќе странски студенти

Јапонија планира да прими 400.000 странски студенти до 2033 година и да ги поттикне да останат и да работат во земјата по дипломирањето. Во рамките на новиот владин план, Јапонија планира да испрати 500.000 јапонски студенти на студии надвор од државата.

Кога станува збор за странските студенти во Јапонија, државата планира да ја зголеми поддршката за оние странски студенти што сакаат да се вработат во земјата. Ќе бидат поддржани повеќе програми за практикантска работа и слични програми за странските дипломци.

Во 2018 година Јапонија поставила цел да прими околу 300.000 странски студенти до 2020 година, но ја достигнала таа цел до 2019 година. Бројот на странски студенти се намалил за време на пандемијата.

Најголем дел од странските студенти доаѓаат во Јапонија да студираат општествени науки, но и инженерство, уметност, медицина, научни области, економија, земјоделство и образование. Најголем дел од странските студенти во Јапонија доаѓаат од Кина и од Виетнам.

Извор: Erudera
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование