X
 26.04.2018 Култура

Џорџ Р. Р. Мартин пишува нова книга поврзана со „Песна за мраз и оган“

Американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин, автор на серијалот „Песна за мраз и оган“, почна нов проект, но, тоа не е продолжение на серијалот.

m
Фото: Mudro Macleod

Издавачката куќа „Рендом хаус“ соопшти дека авторот пишува претходник на серијалот под името „Оган и крв“, а ќе биде објавен на 20 ноември.

„Оган и крв“ ќе биде првата од двете планирани книги кои издавачот ги нарекува „конечна историја на Таргариен во Вестерос“. Истовремено, во врска со долгоочекуваното продолжение на серијалот, Мартин вели дека читателите не треба да очекуваат ништо оваа година.

Љубителите на серијалот со години очекуваат вести за тоа како ќе биде завршена книгата „Ветровите на зимата“, шестиот дел од серијалот.

„Ќе мора уште да чекате“, изјави Мартин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура